Валдес нема нерви, пак доби црвен картон! (ВИДЕО)

Виктор Валдес е слаб со нервите и тоа повторно го покажа, откако доби црвен картон на пријателски натпревар.

Поранешниот голман на Барселона пред неколку месеци седна на клупата на Унио Атлетик Д’Орта, а вчера беше исклучен зашто протестираше кај судијата поради лош старт на противникот.

„Зошто црвен картон, зошто? Тоа е прекршок и го знаеш тоа...“, му порачал Валдес на судијата.