Ужасен ден за Милан: По казната од УЕФА, ограбен бил и претседателот

Милан вчера доживеа елиминација од Лигата на Европа, денеска беше и казнет од УЕФА поради крекршување на Финансискиот фер-плеј, а на сите проблеми се надоврза и напријатноста што денеска ја доживеа претседателот на клубот. 

Како што јавуваат италијанските медиуми, Паоло Скарони бил ограбен од својот автомобил и му била украдена актовка во која имал 10.000 евра. Крадецот ја отворил задната врата од колата на Скарони и ја зел актовката додека претседателот на Милан седел на задното седиште. Возачот на Скарони се обидел да го спречи крадецот и трчал по него, но не успеал да го стигне.

Очигледно ова не е добар ден за Милан, кој дефинитивно ќе го памети како еден од најлошите во својата историја најмногу поради вчерашната елимиција во Лигата на Европа, но и поради казната од УЕФА.