Ужас на Островот: Бивш фудбалер на Ливерпул ограбен и избоден пред својот дом!

Бившиот фудбалер на Ливерпул, кој играше и за младинските категории, а собра и 22 меча за сениорскиот тим, Андре Виздом преживеал тежок напад откако пред семејната куќа бил ограбен и изборен со нож од непознати сторители, па сега се наоѓа во болница.

Виздом викендов играше за Дерби во Чемпионшип дивизијата, а после настапот тргнал да го посети семејството и на улица од никаде бил избоден. Само што излегол од авгомобилот, непознат наоружан крадец го нападнал.

„Прободен е со нож и ограбен. Моментно е во болница.Ова е лудило, не можам да поверувам“, рекла сестрата на Андре.

Дерби потврдил дека имало тежок инцидент и поради повредите нивниот фудбалер морал да биде примен во болница. Засега е нејасен мотивот за нападот, кој го истражува полицијата и трага по непознатиот сторител.

Виздом беше голема надеж на Ливерпул, игра на стоперската позиција, а беше дел од младинската селекција на Англија, но не го направи исчекорот кон А-тимот, па о Ливерпул не се изнаигра и потоа одеше на заеми во ВБА, Норич, Ред Бул Лајпциг, а од 2017 година е дел од Дерби.