Уште едно шокантно признание за местење натпревари во Шпанија: Имавме договор...

Шпанскиот фудбал се соочува со голем скандал за местење на натпревари. Неодамна беше почната голема истрага поради сомнеж за местење на меч од последното коло во Ла Лига меѓу Ваљадолид и Валенсија (0-2).

Сепак, денеска во јавност излезе и поранешниот фудбалер на Уеска, а сега член на Депортиво Ла Коруња, Иниго Лопез, кој призна дека во Втората шпанска лига меѓу Уеска и Гимнастик Тарагона постоел договор.

„Загубивме затоа што имавме договор. Секогаш постојат такви работи во фудбалот. Кога ќе го погледнете распоредот во финишот на сезоната, веќе размислувате за некои работи, па си велите – добро, зошто да отежнуваме кога на луѓето им требаат бодови. Така функционира тоа и никој не зборува за тоа“, вели Иниго.

Овој 36-годишен фудбалер е член на Депортиво од јануари, а во текот на кариерата има настапувано за Екстремадура, Кордоба, ПАОК, Селта, Гранада...