Уште еден од старата гарда го продолжи договорот со Борусија Дортмунд

Само една недела откако Марко Ројс стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, денеска соработката со бундеслигашот ја продолжи и Лукаш Пишчек.

Полјакот го продолжи договорот до 2020 година со желба да ја заврши кариерата во овој клуб. Тој има 32 години и планира да игра уште две сезони и не повеќе. Пишчек е дел од Борусија Дортмунд од 2010 година, а претходно играше за Херта. 

Во кариерата за „милионерите“ одигра 195 натпревари, а сезонава 15 пати беше на теренот во Бундеслигата.