Уште еден доказ дека Роналдо си заминува од Јувентус (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус по три сезони. „Старата дама“ остана без титулата во Серија А по девет сезони. 

Португалецот веќе некое време се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед, но би можел и да се врати во својот матичен клуб, Спортинг Лисабон. Дека Роналдо се подготвува за заминување говори и фактот дека тој синоќа ја испразни својата гаража од домот во Торино.

Најмил поргугалска компанија за пренесување товар за да ги однесат неговите седум супер скапи автомобили во татковината. Штом решил да ги однесе сите свои автомобили надвор од Торинот, тогаш јасно е дека Роналдо е на излезна врата од Јувентус.