Уште еден доказ дека Куртоа е катастрофа!

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, сезонава е една од послабите точки во тимот, притисокот врз него од фановите е голем, иако Белгиецот не е секогаш виновен за примените голови.

Сепак, и статистичките показатели одат во прилог на тоа дека Куртоа не е чувар на мрежата, кој може да го спасува Реал од лоши резултати, иако во летото 2018 година дојде како најдобар голман на Мундијалот во Русија.

Оваа сезона, противниците на Реал шутнаа 20 пати во рамките на голот, и дури 12 пати погодија. Куртоа има само осум одбрани, што е лош просек. Од три шута кон голот, двапати топката влегува во мрежа. Синоќа против Мајорка, домашните победија со единствениот шут кој го упатија во рамките на голот на Куртоа.