Уште еден црн ден во Атлетико Мадрид: Почина клупска легенда

Само еден ден откако почина 14-годишен фудбалер на Атлетико Мадрид, денеска нов шок за славниот шпански клуб. Легендарниот Хозе Луис Капон почина на 72-годишна возраст.

Клубот ја информираше јавноста за смртта на својот поранешен фудбалер, но не ги потенцираше причините. Капон девет сезони беше дел од Атлетико и со клубот осови две шампионски титули во Ла Лига, еден шпански Куп и еден Интерконтинентален Куп. . 

Настапи на вкупно 269 натпревари за „атлети“, а за шпанската репрезентација запиша 13 натпревари.