Уругвај го прегази Еквадор: Мајсторија на Кавани со „ножички“ (ВИДЕО)

Уругвај оствари убедлива победа од 4-0 против Еквадор во рамки на 1.коло во групата Ц на Копа Америка.

 Еден од најголемите фаворити за освојување на тронот комплетно доминираше на дуелот, а имаше помош и доста помош од противникот. Николас Лодеиро со прекрасен гол го донесе Уругвај во водство од 1-0. Оваа репрезентација продолжи да домонира и во продолжението, а потоа во 24-та минута Хозе Кинтерос доби црвен картон во редовите на Еквадор.

Единсон Кавани во 33.минута со фантастичен погодок зголеми на 2-0, а Луис Суарез погоди за 3-0 во 11 минути подоцна. Мина Реза си постигна автогол во второто полувреме за конечни Уригвај - Еквадор 4-0.

Во рамки на групата Б, Парагвај и Еквадор одиграа 2-2.