Унион Берлин ја продлабочи кризата на Лајпциг (ВИДЕО)

Унион Берлин стигна до шестата сезонска победа и дојде до четвртото место во Бундеслигата, откако вечерва ја продлабочи кризата на ред Бул Лајпциг после победата со 2-1 на отворањето на 14-то коло во германската елита.

Тимо Баумгартл во 57-та минута го постигна клучниот гол за второ водство на берлинците, откако во првиот дел на негова асистенција, Авонији даде гол за водство во шестата минута, а Кристијан Нкунку со 14-от гол седум минути потоа за да покаже дека е во неверојатна форма и на 21 меч во сите натпреварувања има 14 погодоци и девет асистенции.

Унион Берлин со победата сега има 23 бода, еден помалку од третиот Баер Леверкузен, а бод повеќе од Фрајбург, додека Лајпциг со шестиот сезонски пораз, а трет во низа, остана на 18 бодови, на осмото место, колку што имаат и Мајнц, Келн, Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт и сите тие може да ги прескокнат „биковите“ во ова коло викендов.