Унгарскиот МОЛ дава 550.000 евра за поранешен вардарец!

Јасир Асани во албанскиот клуб Партизани потсети на најубавите моменти во кариерата. Поранешниот фудбалер на Вардар му помогна на клубот од Тирана да ја освои титулата во албанското првенство по 16 години пауза, а токму Асани беше еден од клучните фудбалери за овој голем успех.

Токму поради добрите игри за него се заинтерсирани доста клубови, а според последните информации најзаинтересиран за крилниот фудбалер е Мол Види. Имено, Унгарците за него на Партизани му понудиле 550 илјади евра. Овој тим освен за Асани е заинтересиран и за македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу.