Унгарците за секунда ги разграбале влезниците за финалето во Купот

Унгарија е една од првите земји која дозволи навивачи на своите стадиони и тоа под строги мерки и протоколи, па финалето во националниот Куп на новата супермодерена „Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе има 10.000 гледачи и билетите за мечот експресно беа – распродадени.

Хонвед и Мезковжед денеска од 20 часот треба да го одиграат финалето, а навивачите едвај дочекаа за да ги купат влезниците и да бидат дел од спектаклот. „Пушкаш Арена“ има капацитет од 65.000 гледачи, пред крајот на минаата година беше пуштен во употреба, а е изграден за потребите на веќе одложеното Евро 2020.

Како ги пуштија билетите, тие за момент се распродадоа, што покажува колку во Унгарија владее фудбалска еуфорија, посебно после двоипол месечната пауза поради пандемијата со коронавирус.

Како што е предвидено, според протоколот, на трибините ќе мора да има физичка дистанца, па преку три столчиња ќе мора да седат навивачите, а над секој навивач во долен и горен ред ќе мора да биде празно столчето.