Ултрасите на Шалке со честитка за вардаровите Лојал фанс (ФОТО)

Најверните навивачи на Шалке на денешниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата истакнаа огромен транспарент со кој им честитаа 20 години постоење на вардаровите навивачи Лојал фанс.

Навивачите на Вардар и Шалке се збратимени и постојано си даваат меѓусебна подршка.