Ултрасите на ПСЖ ги „мотивираа“ играчите пред дуелот против Реал Мадрид (ВИДЕО)

Група на навивачи на ПСЖ вчера на интересен начин се обидоа да ги мотивираат фудбалерите на клубот од Париз пред возбудувањата, кои им следуваат.

Парижаните пред себе имаат два многу важни натпревари. Во првенството следува големото дерби против Марсеј, но всушност сите желби за победа се насочени во средбата од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

„Сакаме да почуствуваат луѓето од Мадрид што значи да се дојде во Париз. Ги повикуваме сите да дојдат на стадионот порано со дресови и шалови за да направиме дополнителна кореографија, со која ќе ги мотивираме нашите играчи“, кажа еден од навивачите на францускиот клуб.

Реваншот во Лигата на шампиони против Реал се игра на шести март, а во првата средба „кралскио клуб“ победи со 3-1.