Ултрасите на Лех запалија трибина да и ја уништат шампионската прослава на Легија (ВИДЕО)

Дербито помеѓу Лех Познан и Легија е прекинато во 80-тата минута при резултат 0-2 за гостите. Со ова водство, односно со оваа победа Легија ја обезбедува титулата полски шампион, што воопшто не им се допадна на домашните фанови, како најголеми ривали. 

Ултрасите на Лех буквално запалија огромен број на димни бомби и факели и намерно предизвикаа прекин на натпреварот во финишот, бидејќи не сакаа да гледаат како ривалите на нивниот стадион ја слават титулата.

Дуелот најверојатно ќе биде регистриран со резултат 0-2, што Легија ќе ја направи шампион, но за тоа ќе треба да се почека на одлука на Полската фудбалска федерација.