Украински тим има дури 25 заразени фудбалери со Ковид-19!

Украинскиот тим Карпати откри дека дури 25 нивни фудбалери имале позитивни резултати на тестирањето за Ковид-19  и поради тоа мора да поминат 14 дена во карантин.

Тоа е дефинитивно рекорд, откако еден ден претходно бразилски Васко де Гама објави дека имаат дури 16 фудбалери позитивни на вирусот.

Сите натпревари на Карпати се одложени за две недели, колку што ќе треба да бидат во карантин фудбалерите на тимот.