УЕФА започна истрага: Нејмар е пред голема казна

Манчестер Јунајтед го елиминираше Пари Сен Жермен во осминафинлната фаза од Лигата на шампионите, а Бразилецот Нејмар иако не беше дел од составот, сепак е пред добивање на драконска казна од УЕФА.

Нејмар натпреварот го следеше од трибините, а изреволтиран поради пеналот во последната минута кој беше свирнат за „црвените ѓаволи“, Бразилецот се огласи на социјалните мрежи со статус во кој најостро ги нападна судиите.


„Ова е срамота. Ставија четворица кои не се разбираат во фудбал. Ова не постои. Како да стави раце на грб во ваква ситуација. Е*и те се“, напиша напаѓачот на ПСЖ по поразот.
 

УЕФА и официјално започна постапка поради овој негов коментар, Нејмар треба да биде повикан на сослушување, а информациите се дека би можел да добие забрана од три натпревари за настап во Лигата на шампионите.