УЕФА дефинитивно ќе го казни Милан - само парично

Милан е под истрага на УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј за време на периодот од 2014 до 2017 година. 

„Росонерите“ потрошиле многу повеќе од тоа што заработиле во тој период од три години, но само поради неиздржаното трошење на претходните кинески сопственици за време на летото 2017 година.

Новиот газди на Милан се обидуваат на секој начин да најдат решение со челниците на УЕФА да нема сериозни казни за клубот. Казна сигурно ќе има, а италијанските медиуми тврдат дека, седумкратниот европски шампион ќе мора да плати од 5 до 7 милиони евра казна.

Нема да има исфрлање од Европа или пак забрана за трансфери, бидејќи пречекорувањето на Финансискиот фер-плеј не е така голем како што првично се мислеше.

Сепак, Милан ќе биде под надзор на УЕФА во следните неколку трансфер периоди, но со оглед на фактот дека зад клубот стои „Елиот Фонд“ еден од најголемите инвестициски фондови во светот, челниците на УЕФА немаат грижи дека клубот може да банкротира.