Тутоспорт најавува: Удинезе тргна по Несторовски (ФОТО)

Италијанскиот калчолигаш Удинезе официјално тргнал по ангажман на македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски, кој веќе две години е член на Палермо, најави весникот „Тутоспорт“.

Уште пред три дена, дел од италијанските медиуми објавија дека Удинезе е најзаинтересиран за Несторовски, откако опцијата македонскиот голгетер да направи трансфер во Премиерлигата пропаднаа, иако се најавуваше „сигурен трансфер“ на прилепчанецот. Според најавите на „Тутоспорт“, Удинезе ќе го земе Несторовски на едногодишен заем, а потоа ќе мора да плати 4,5 милиони евра отштета.

Засега преговорите се во тек, преодниот рок завршува в петок на Апенините, што значи дека малку време останува за реализација на трансферот, па се очекува во следните 48 часа да биде ситуацијата околу евентуалниот трансфер многу појасна. Цената на Несторовски вртоглаво падна во последните осум месеци, откако првиот човек на Палермо, Марицио Ѕампарини објави дека зимоска одбил 15 милиони евра за македонскиот репрезентативец, па сега сицилијанците ќе мора да се задоволат со трипати помала сума.

Несторовски во Палермо дојде од Интер Запрешиќ за 500.000 евра, а според информациите на медиумите на Чизмата, тој во последната година има плата од 750.000 евра, која сега ќе му ја исплаќа Палермо во сезоната под заем пред да го откупи договорот идното лето.