
Турците тријат раце: Елмас одигра 50 меча за Наполи – Фенербахче доби екстра 1,5 милиони!
Според договорот за трансфер, објавува Хуриет, Фенербахче од Елмас заработи 16 милиони евра минатото лето, а сега добива екстра плус 1,5 милиони евра откако за година ипол македонскиот репрезентативец веќе собра 50 настапи. Од нив, во ланската сезона имаше 26 во Серија А, а сезонава 10, има пет во Купот на Италија и уште девет во европските купови (пет во ЛШ лани и четири во Лига Европа годинава).
Како што посочува весникот, Фенербахче го очекуваат уште дополнителни 1,5 милиони евра од евентуален трансфер на Елмас, кој секако нема да се случи зимава, откако и Наполи, а и менаџерот Гарди го посочија во изминатиов период откако се појавија информации за понуди од Бенфика, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, вредна 25 милиони евра.
Засега нема информации дали истанбулскиот великан би добил уште некој милион плус, ако Елмас со Наполи освои некој голем трофеј, како „скудето“ или европски пехар.
Инаку Фенербахче за 180.000 евра тренинг-компензација го зема македонскиот бисер во летото 2017 година од скопски Работнички, а после две сезони во Фенербахче го продаде за милионски трансфер, најголем во историјата на македонскиот фудбал.