Троловите во акција: Де Хеа го прекрстија во - Кариус! (ФОТО)

Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Челси на домашен терен во големото дерби од 36. Коло во Премиерлигата, па дополнително си ја отежнаа борбата за топ-4.

„Ѓаволите“ први постигнаа погодок преку Хуан Мата, но потоа Давид де Хеа реагираше несмасно и тоа го казни Маркос Алонсо, кој ги постави конечните 1-1.

Ова не е прва грешка на шпанскиот голман, кој не се прослави ниту протв Барселона, па поради тоа троловите решија да се пошегуваат на негова сметка и го прекрстија во – Давид де Хеа Кариус!