Три стативи на Меси, две асистенции на Делофеу и - победа над Бетис (ВИДЕО)

По инфериорното издание во двомечот со Реал, во Супер купот на Шпанија, Барселона си дојде на себе со победа над Бетис во првото коло од новата сезона во Ла Лига.

Барселона беше супериорна, надмоќна и чудо е како резултатот остана само 2-0 во победата над Бетис. И двата гола беа постигнати во првото полувреме, откога почна и опсадата пред гостинскиот гол.

Резултатот беше отворен во 36. минута, а иако официјално е автогол, за него заслужни се тројца. Прво Делофеу кој упати ниска и остра топка во шеснаесетникот на Бетис, потоа домашниот дефанзивец Тоска, кој го смени нејзиниот правец кон мрежата и на крај Меси, кој ја пропушти за водство од 1-0.

Делофеу повторно се јави како асистент, само три минути подоцна. Овој пат го послужи Серџи Роберто, исто така од десно, за овој лесно да реализира. И покрај тоа што не се запиша меѓу стрелците, Лионел меси беше најголема опасност по голот на Бетис, бидејќи грото акции поаѓаа од него, а самиот трипати ја погоди рамката на голот.