Три европски гиганти во битка за млада ѕвезда на ПСЖ

Фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио, речиси сигурно зимава ќе си замине од екипата од Париз.

Францускиот фудбалер за Парижаните настапува од 2013. година, а иако во оваа сезона беше стандарден во тимот на Томас Тухел, наводно сака да замине од клубот.

Рабио порача на управата на ПСЖ дека сака нови предизвици, односно дека му се здосадило во Париз, а тоа во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го искористат Јувентус, Манчестер сити и Тотнем.

Поради тоа што Французинот има договор до крајот на сезоната, зимава ќе биде последна шанса за ПСЖ да заработи на неговиот потенцијален трансфер.

Во досегашната кариера Рабио, покрај ПСЖ, има играно и за Тулуз.