Трет сезонски гол за Доријан Бабунски, ја најави победата на Дебрецин (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач Доријан Бабунски го даде вечерва својот трет сезонски гол за Дебрецин во победата со 4-3 против Хонвед во унгарскиот шампионат, во својот седм настап за својот клуб.

Бабунски постигна гол во 15-та минута од мечот за да донесе водство, а за 48 минути Дебрецин го прегази Хонвед, но потоа застана, па гостите неочекувано дадоа три гола за да се вратат во мечот и во завршницата да се борат и за реми.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч, а сезонава даде гол за победа против МОЛ Фехервар (1-0) и за реми против Вашаш (1-1).

За Дебрецин ова е втора победа сезонава и со 10 бода од девет меча во моментов е седмопласиран.