Траоре го спаси Лион од пораз против Ремс

Лион се мачи со резултатите во последно време и вечерва на домашен терен одигра само 1-1 против Ремс.

Пабло Чавариа погоди за гостите во 34-тата минута и го изненади домашниот тим, кој до тој момент апсолутно доминираше на „ОЛ Парк“. Бодот за домашните го обезбеди Бернард Траоре во 70-тата минута по асистенцијана Муса Дембеле.