Трансферот на Вернер предизвика хаос во Челси

Изминатите неколку дена англиските медиуми пишуваа дека Тимо Вернер е веќе нов играч на Челси.

Вернер игра одлично во дресот на Лајпциг, поради што го привлече вниманието на многу европски клубови. Германецот најмногу се поврзуваше со Ливерпул, но се чини дека сепак ќе заврши во Челси.

Наводно, Вернер се согласил на петгодишен договор со „сините“, според кој ќе заработува околу десет милиони евра годишно. Челси ќе активира откупна клаузула во неговиот договор во износ од 60 милиони евра.

Сигурно е дека Вернер ќе биде одлично засилување за лондонскиот клуб, но неговото доаѓање не ги израдува играчите на овој тим. Имено, „Сан“ пишува дека атмосферата во соблекувалната на Челси е многу лоша, откако фудбалерите ги дознале деталите за трансферот.

Тие биле бесни што клубот толку лесно решил да плати дури 60 милиони евра за Вернер, а само неколку недели пред тоа им беше намалена платата и им беше кажано дека клубот се наоѓа во финансиска криза поради пандемијата.

Сепак, се чини дека тоа не е точно, што ги натерало фудбалерите на Челси да бидат многу лути. Извор близок до клубот откри дека веднаш избила голема кавга во соблекувалната и дека играчите сега бараат платата да им се врати во нормала.

Капитенот Цезар Аспиликуета е под голем удар, кој ги убедил своите соиграчи да се согласат на намалување на платата до септември. Но, се чини дека ова ќе се промени сега, сето тоа заради трансферот на Вернер.