Трансферот на Роналдо му носи добра заработувачка и на легендарниот Роси!

Ретко кој знае дека Валентино Роси заработува пари од трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус и тоа токму поради неговата фирма.

Неговата фирма „ВР46“ е задолжена за производство на сите навивачки реквизити, маици, тренерки и останати работи кои може да се најдат во продавниците на  Јувентус, а токму поради Роналдо, побарувачката е многу поголема.

Роси е голем навивач на Интер, меѓутоа сигурно не му е жал поради тоа што Роналдо го засили Јувентус, зашто секој ден заработува пари поради тоа.

Исто така, фирмата на Роси произведува и рекламни материјали за останатите возачи во Мото ГП.