Трансферот на Рабиот во Барселона бил спречен од неговата - мајка!

Адриен Рабиот е еден од најталентираните играчи за врска во светот, но поради големата конкуренција во ПСЖ, 23 годишниот Французин нема доволно минутажа за да го покаже својот потенцијал. Повремениот репрезентативец на Франција не сакаше да го продолжи договорот со својот клуб, Барса беше на чекор до негов ангажман, но на сцена стапи неговата мајка. 

Вероника Рабиот, мајката на Адриен, воедно е и негов фудбалски агент. Барселона била спремна да го доведе Французинот во своите редови, но неговата мајка барала неверојатно високи суми за неговата плата, па „каталонците“ решиле да се откажат. Вероника барала 10 милиони евра по сезона, а Барселона не сакала ниту да слушне за таа цифра.

Покрај Барселона, неговата мајка го спречи неговиот трансфер и во Тотнем. „Спарси“ му нудеа 7.5 милиони евра по сезона, но Вероника силно ги брани своите ставови.

Пред Рабиот сега е вистински проблем, остана во ПСЖ, но поради тоа што не сакаше да го продолжи договорот не го сакаат ниту навивачите, ниту пак има доверба кај тренерот. Неговата голема желба за преселба во Каталонија, ја уништо неговата мајка, па може да подразмисли за нејзино „разрешување“.