Трајковски се враќа во Серија А: Лече го купува македонскиот репрезентативец

Откако италијанските меидуми објавија дека Илија Несторовски и Андреа Рисполи се главна желба на новиот калчолигаш Лече за да се засили во новата сезона во Серија А, „Џорнале ди Сицилија“, објави дека овој клуб од Палермо ќе го ангажира и вториот Македонец од Палермо – Александар Трајковски.

Според информациите на сицилијанскиот весник, Лече го сака Трајковски за да го засили офанзивниот дел од тимот, а македонскиот фудбалер веќе сигурно ќе си замине од Палермо, зашто овој клуб кој успеа да преживее и да не испадне во третата лига има во план сериозно да ги откажи досегашните ѕвезди и со тоа да нема сериозен финансиски товар.

Трајковски во Палермо дојде пред четири години за еден милион евра од белгиски Зулте Варегем, па по две сезони во Серија А, одигра уште две во Серија Б и сега има шанса да се врати повторно во калчолигашката елита. Според најавите, Лече и Палермо веќе преговараат за откуп на договорот по прифатливи услови и нема да биде изненадување, ако наскоро и официјално не биде објавен трансферот.

За разлика од Трајковски, за Несторовски постои понуда од Црвена Звезда, која му нуди шанса на прилепчанецот да се бори за место во ЛШ, иако останувањето во Калчото е исто така примамливо за првиот напаѓач на Македонија.