Трајковски најдобар, Несторовски порачува: Оваа победа не прави уште покомпактни!

Палермо ја запиша втората победа и тоа благодарение на македонскито двоец Александар Трајковски и Илија Несторовски, кои постигнаа три од четирите гола во триумфот о 2-1, а Трајковски патем запиша и една асистенција.

Македонците на Сицилија покажаа дека ќе бидат главна оска во обидот да се врати клубот во Серија А, а по подолга пауза со два гола се врати капитенот Несторовски, додека Трајковски со гол и асистенција само ја потврди фантастичната форма сезонава, па досега има три погодоци со две асистенции. И нормално, Трајковски и Несторовски ја добија најголемата оценка од медиумите (7,5), а сицилијанската десетка патем беше прогласен за фудбалер на мечот.

„Трајковски беше најдобар на теренот. Голови, асисенции... Игра како голем фудбалер. Од него почна секој гол“, пишува во анализата за Трајковски.

„Несторовски се врати на головите по месеци пост. Тој е убиствен од јасни ситуации, па сега откако фати ритам, се очекува да ја продолжи серијата“, стои во анализата за Несто-гол.

И прилепчанецот по двата гола, први лигашки за него во сезоната посочи дека среќата им го свртела грбот на стартот по трите меча без триумф, но дека сега сè си доаѓа на свое место.

„Јас сум капитен на Палермо и зборувам најчесто кога губиме, но сега е лесно. Победивме со 4-1, па фокусот на на следниот противник Бреша. Кога победуваме сме добри, кога губиме не сме. Одиме понатаму. Лесно е да се говори после ваква победа и два гола. Ние и на почетокот на сезоната игравме добро, ама немавме среќа. Оваа победа е многу важна, затоа што не прави уште покомпактни. Со победата покажавме дека сите ние во Палермо сме обединети“, вели Несто-гол.