Трајковски и Стојановски од клупа чекаат деби во Ла Лига и Лига 1 (ФОТО)

Двајцата македонски интернационалци Александар Трајковски и Влатко Стојановски како резерви од клупата ќе чекаат вечерва деби за своите нови тимови Мајорка односно Ним, каде дојдоа летово како засилувања на шпанскиот и францускиот клуб.

Трајковски пред десет дена дојде во Мајорка, веќе одигра еден меч за новиот клуб со кој потпиша четиригодишен договор и сега од клучата ќе чека шанса во пресметката на повратникот во шпанската елита против Еибар. Трајковски во Мајорка дојде како слободен играч откако Палермо доживеа пропаст и беше исфрлен поради банкрот во четврта лига.

Стојановски, пак, летово дојде за 1,5 милиони евра од Ренова како засилување на францускиот клуб, но поради административни проблеми не беше во комбинација за гостувањето на „Паркот на принцовите“. Сега, Стојановски е на клупата за резерви и ќе чека шанса за официјално деби, откако во предсезоната веќе даде и еден гол.

Денеска деби во Бундеслигата имаше најмладиот македонски дебитант во репрезентацијата Дарко Чурлинов, кој одигра 20 минути во Бундеслигата за Келн.