Трајковски и Несторовски го играат најлудото првенство во историјата на Италија (ФОТО)

Двајцата македонски репрезентативци во Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски вчера доживеаа пораз со сицилијанците, но тоа што е најинтересно во Серија Б е дека на Апенините не се памети вакво лудо првенство.

Верувале или не, ама ова првенство во Серија Б е подеднакво интересно и за пласман во елитната Серија А, но и за испаѓање во третата лига – Серија Ц. Причина? Од првиот до последниот по четвртина одиграно првенство разликата е едвај – три победи (девет бода).

Палермо на Трајковски и Несторовски моментно има 15 бода и е осмопласиран, а само два бода го делат од самиот врв, зошто Емполи има 17 бода, колку што има и втората Венеција.

Само последната Чезена во моментов нема двоцифрено бодовно салдо по десет одиграни кола, а како почна првенството, ќе биде лудница секое коло до мај месец, па буквално со две победи може да се стигне и до Калчото, а со два порази и до третолигашкото друштво.

Тоа што е сигурно е дека Македонците ги очекува напорна сезона во која секој нивен гол може да биде „златен“ за Палермо. Тоа што медиумите го коментираат е дека вака изедначен почеток на сезоната во втората лига не се памети.