Трајковски и Мајорка поразени кај Севилја, опстанокот речиси недостижен (ВИДЕО)

Со головите на Лукас Окaмпос од пенал во 41. и Ен Несири во 84. минута, екипата на Севилја славеше над Мајорка со 2-0, во рамки на 36. коло во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 72. минута, при резултат 1-0 за противникот, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Нашиот интернационалец имаше еден удар кон противничкиот гол во 88. Минута, но неговиот шут го одбрани Боно.

Со овој пораз Мајорка е далеку од опстанок во елитата и моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата со 32 бода, три помалку од Алавес, кој е над опасната зона, но има и натпревар помалку. Што се однесува до Севилја, тимот од Андалузија обезбеди пласман во Лигата на шампиони за наредната сезона.