Трагедија во Англија: Млад фудбалер пронајден мртов во својот стан

Голема трагедија го потресе англискиот фудбал откако 23-годишниот Кристијан Мбулу, фудбалер на нисколигашот Морекам бил пронајден мртов во неговиот стан, а полицијата објавила дека нема знаци на насилство и дека обдукцијата ќе одговори која е причината за смртта.

Мбулу, кој играше на позиција дефанзивец во Морекам стигна во јануари годинава и запиша три настапи во Лига 2, а претходно играл за Милвол и Мадервил, во актуелниот тим дошол од Кру.

„Ова е шок за сите нас. Не може да опишеме колку сме тажни. Кристијан ни се придружи во јануари, исклучително беше ценет и ова е голема загуба. Сите кои го познаваа знаат каков човек беше. Ги молиме сите да покажат почитување кон семејството во овие тешки моменти“, објави Морекам.

Во Мадервил исто така беа шокирани за смртта на својот бивш фудбалер.

„Беше многу пристоен и посветен. Со мислите сега сме со неговото семејство“, објавија од Мадербил.