Тован и Митроглу го торпедираа Лил! (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј не се откажува од борбата за место кое води во Лигата на шампиони, па денеска нивна најнова жртва беше Лил, кој го совладаа со 5-1.

Голеадата на „Велодром“ ја почна Флоријан Тован со гол во 12. Минута, а во 30. минута од пенал го зголеми резултатот на 2-0.

Пет минути подоцна Константинос Митроглу се „актиривираше“ и го зголеми резултатот на 3-0, а по три минути погоди за убедливи 4-0 на полувремето против Лил.

Едноставно гостите играа како „мува без глава“, но мала искра надеж добија во 54. минута, кога Јансин Бензија го намали резултатот на 4-1. Сепак, конечните 5-1 ги постави Лукас Окампос во 68. минута од натпреварот.

Во овие моменти Марсеј има 69 бодови, колку и третопласираниот Лион, па во наредните четири кола ќе се води жестока битка за позиција, која води во Лигата на шампиони наредната сезона.



|