Тотнем со автоголот на Евертон запиша важен триумф (ВИДЕО)

Тотнем освои три бода на домашен терен против незгодниот Евертон во 33. коло од Премиерлигата.

Лондонскиот клуб одигра одлично прво полувреме, а во 24. минута одбиениот удар од Мајкл Кин заврши во мрежата на Евертон за водство на Тотнем од 1-0.

Во второто полувреме Евертон заигра подобро, но сепак не успеа да го израмни резултатот и на крајот загуби со 0-1.

Тотнем е осмопласиран со 48 бодоив, додека Евертон остана на 11. позиција со 44 бодови.