Тотнем се засили со поранешен фудбалер на Баерн Минхен (ФОТО)

Тотнем го претстави првото засилување за следната сезона, а станува збор за Пјер-Емил Хојбјерг, кој пристигнува од екипата на Саутемптон.

Хојбјерг во минатото беше член и на Баерн Минхен, како и уште на неколку тимови, а во Саутемптон пристигна во 2016 година.

Саутемптон го фати „последниот воз“ за да го продаде Хојбјерг, на кого договорот му завршува следното лето, а Тотнем за неговите услуги плати 15 милиони евра.