Тотнем се спаси, Вест Хем испадна во Чемпионшип (ВИДЕО)

Екипата на Тотнем со победа ја заврши една од најтешките сезони во поновата историја и успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

На домашен терен, лондонскиот тим го совлада Евертон со 1-0 и ја анулира победата на Вест Хем чиј триумф против Лидс со 3-0 немаше никакво значење. На Тотнем му се закануваше испаѓање ако не успее да го совлада Евертон, но Паљиња се погрижи неговиот тим да дојде во водство во 43. минута по што Спарс го издржаа натамошниот дел од мечот и го остварија посакуваното.

Арсенал со победа од 2-1 на гостувањето кај Кристал Палас ја запечати шампионската титула, прва по пауза од 22 години. Со пораз од Премиер лигата се прости Пеп Гвардиола чиј Манчестер Сити загуби со 1-2 дома од Астон Вила.

Премиер лигата идната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите бидејќи не се оствари посакуваното сценарио за Англичаните. За да има шест тима, требаше Астон Вила да загуби од Сити, а Ливерпул и  Борнмут да победат, но ниедна од екипите не го направи тоа што се очекува од неа. Така, во ЛШ ќе играат Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул, во Лигата Европа ќе се натпреваруваат Борнмут и Сандерленд, а во Конфернциската лига оди Брајтон.