Тотнем почна преговори со Интер за Милан Шкрињар

Милан Шкрињар иако важи за еден од најдобрите стопери во Серија А, изминатата сезона кај Антонио Конте во Интер не се изнаигра. 

Словакот добро ја почна сезоната, но потоа тренерот на „нераѕурите“ им даваше шанса на Диего Годин, Стефан де Вриј и младиот Стефано Бастони. Фактот дека не е првотимец, Шкрињар размислува за заминување, а првата понуда пристигна од таборот на Тотнем.

Жозе Мурињо сака поголема конкуренција во одбраната, откако летово си замина Јан Фертонген. Засега не се споменуваат цифри, но Шкрињар моментално е проценет на 45 милиони евра на трансфер-пазарот.

Тотнем ќе мора добро да го одврзе ќесето за да го доведе стоперот во Лондон.