Тотнем ја соопшти цената на Кејн: Реал ќе мора да плати луда цифра!

Хери Кејн е еден од главните трансфер-цели на Реал Мадрид, но ќе биде исклучително тешко да го ангажираат со оглед на фактот дека Тотнем одреди неверојатна сума за негово обештетување. 

Според „АС“, „кралевите“ веќе го исконтактирале премиерлигашот во врска со голгетерот, но добиле одговор кој никако не го очекувале. Наводно, лондонскиот тим ќе бара 350 милиони евра за да го ослободи Кејн порано од неговиот договор.

Оваа цифра е далеку поголема од она што ПСЖ го плати за Нејмар за да го ангажира од Барселона. Парижаните платија 222 милиони евра, но доколку Реал некако се одлучи да плати 350 милион евра, тоа ќе биде апсолутен рекорд.