Тотално лудило: За цел свет Роналдо е на насловна на ФИФА 19, освен во – Неапол (ФОТО)

Најпопуларниот светски фудбалер Кристијано Роналдо летово предизвика земјотрес во Италија со неговиот трансфер во Јувентус, па ако португалскиот ас додека играл за Реал Мадрид имал веројатно илјадници обожаватели во Неапол, по доаѓањето во Торино повеќе од сигурно е дека ги нема ни тие.

Неапол не може да ја смисли „старата дама“, па откако дојде Роналдо почна да се продава и тоалетна хартија со ликот на Португалецот, што е само еден во малиот милион докази дека големата ѕвезда под Везув не може да ја смислат. И сето тоа затоа што го носи црно-белиот дрес.

Дека наполитанците се тотално луди, најдобар доказ е и насловната слика на најпопуларната игра на „ЕА Спортс“ - ФИФА 19. Официјалната насловна слика на последното издание на оваа компјутерска игра е Кристијано Роналдо. И во цел свет се продава со таа слика, освен под Везув. Таму на насловна е миленикот на наполитанците – Лоренцо Инсиње.