Тотална распродажба во Реал Мадрид: Дури 14 играчи се на трансфер-листата

Зинедин Зидан ќе прави голема чистка ова лето во редовите на Реал Мадрид и неколку големи имиња ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“.

Едни од оние кои дефнинитивно немаат иднина во кралскиот тим се фудбалерите кои се моментално на позајмица, а тоа се Хамес Родригез, Матео Ковачиќ и Мартин Одегард. Од тимот сигурно си заминува дефанзивецот Хесус Валјехо, а истото важи и за Герет Бејл. Од оние поголемите имиња Зидан е подготвен да слуша понуди и за голманот Кејлор Навас, Дани Себалјос, но и за Иско.

Реал Мадрид е подготвен да се раздели и со Маркос Лјоренте, Серхио Регулион, Тео Ернандез, Борха Мајорал, Оскар и Раул де Томас. 

Се очекува „кралевите“ да инкасираат голема сума на пари од продажбата на дел од овие играчи, бидејќи тешко е за верување дека дури 14 фудбалери би го напуштиле тимот во еден преоден рок.