Топчиите распукани во чест на Венгер, Ливерпул може да остане без пласман во ЛШ! (ВИДЕО)

Дербито помеѓу Челси и Ливерпул падна во сенка на вториот, понеатрактивниот дуел кој се играше исто така во Лондон, помеѓу Арсенал и Барнли.

Сепак, не беа актерите на теренот во центарот на вниманието, туку легендарниот Арсен Венгер, кој денеска за последен пат го водеше Арсенал на „Емирати“ во својата 22-годишна историја.

Токму во негова чест, денеска неговите избраници го торпедираа Барнли со убедливи 5-0. Два гола постигна Обамејанг, а по еден Лаказет, Колашинац и Ивоби.

Челси и Ливерпул го играа дербито на колото, а на крајот се радуваше тимот на Антонио Конте. Сините од Лондон славеа со минимални 1-0, а стрелец на голот беше Оливие Жиру.

Интересно, со оваа победа, односно пораз на Ливерпул, ситуацијата на табелата дополнително се закомплицира околу местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Имено, сега Челси е петтопласиран со 69 бода, Тотнем четврти со 71, а Ливерпул трет со 72. До крајот на сезоната, Тотнем и Челси имаат уште два натпревари да одиграат, а Ливерпул уште еден, па така е можно актуелниот финалист во ЛШ во оваа сезона да остане без пласман во ова натпреварување во следната сезона доколку во последното коло не слави победа против Брајтон.

Секако, доколку Ливерпул го победи Реал во финалето, тогаш Англија ќе има пет претставници следната сезона во ЛШ.

 

FcTables.com