Толку од „авантурата“ во Торино: Јувентус бара купец за Емре Џан

Раководството на италијанскиот шампион Јувентус има намера да ги намали трошоците за платите на тимот, а по тој повод, „Старата дама“ сака да се раздели со играчот од средниот ред, Емре Џан, пренесува „Спорт Медијасет“.

„Бјаконерите“ исто така сакаат да се разделат и со играчот од средниот ред, Сами Кедира. Тренерот Маурисио Сари, сепак, инсистира на тоа дека му треба Германецот во тимот.

Емре Џан му се придружи на Јувентус минатото лето како слободен агент од Ливерпул. Германецот има договор до летото 2022 година со годишна плата од четири милиони фунти. Тој исто така доби и бонус за потпишување од 14 милиони.

Како дел од Јувентус, тој одигра 37 натпревари во својата дебитантска сезона, постигнувајќи 4 голови и 1 асистенција.