Тодороски со првенец му донесе бод на Сумгаит (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски конечно го постигна својот првенец за Сумгаит за да му обезбеди реми против Габала (1-1) во 15. коло од шампионатот во Азербејџан.

Исник Алими ги израдува гостите во 74. минута со гол од пенал, но набрзо Тодороски со одличен погодок ги постави конечните 1-1.

Сумгаит по 15 одиграни кола се наоѓа на последното место во првенството со шест бодови и ниту една победа.