Типие не се спаси од подолга суспензија: ФИФА ја одби жалбата на Атлетико

Англискиот репрезентативец Киран Трипие, фудбалерот на Атлетико Мадрид не се спаси од подолга суспензија, зашто Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одби жалбата на Атлетико Мадрид откако дефанзивецот беше казнет со десет недели суспензија поради обложување.

Трипие во декември беше суспендиран на десет месеци поради издавање на тајни, односно споделување на информација за негов трансфер од лондонски Тотнем во шпански Атлетико во 2019 година, што негови пријатели го искористиле за да се одложат и да заработат пари.

Англиската федерација (ФА) му ја изрече казната, зашто на Островот има многу строги правила против обложување, па побарале од ФИФА да ја прошири суспензијата да важи за целиот свет. Откако Атлетико Мадрид упати жалба, ФИФА истата ја разгледа, па Трипие беше во можност да игра додека не се донесе конечна одлука.

Сепак, во Цирих ја потврдија истата и сега Англичанецот ќе мора да паузира до крајот на февруари.