Тажна вест од Португалија: Касилјас ја завршува кариерата!?

Шпанскиот голман Икер Касилјас имаше срцев удар на тренингот на Порто, по што беше пренесен во една болница, кадешто му беше направена медицинска интервенција, а најновите информации од Португалија ќе ги растажат неговите фанови.

Португалски „О’Жого“ објави дека Касилјас наскоро ќе објави дека ја завршува фудбалската кариера, по што Порто ќе му понуди функција во клубот.

Шпанскиот голман е еден од најуспешните во историјата на Шпанија, па бранеше на повеќе од 700 натпревари за Реал Мадрид, а освои три трофеи во Лигата на шампиони, додека со репрезентацијата ги освои европската титула во 2008 и 2012, како и светската титула во 2010 година.