Тажна судбина го снајде англискиот клуб: Уште шест играчи останаа во Болтон

Откако испаднаа од Премиерлигата во 2012. година, екипата на Болтон се соочува со многубројни проблеми. Финансиските проблеми го одведоа тимот до самото дно. Минатата сезона дури и пропуштаа мечеви затоа што немаа можноста да ги организираат на вистински начин, а ниту во наредната сезона во третата англиска лига нема да им биде лесно.

Навистина звучи тужно веста дека под договор Болтон во моментов има само шест играчи, од кои дури двајца голмани, а останатиот дел од екипата го сочуваат младинците и членовите на резервниот тим.

Во клубот вкупно има 14 играч кои ќе го носат дресот на клубот во идната сезона, но само шест од нив се поискусни фудбалери и кои имаат повеќе од 21- година. Во клубот останаа: Бен Алнвик, Лук Марфи, Џош Магенис, Реми Метјус, Ерхун Озтумер и Џејсон Лов.