Таткото на Нејмар: Разговараме со ПСЖ за продолжување на договорот

Шпекулации има многу околу иднината на Нејмар, но сепак неговиот татко, а воедно и негов aент им откри на медиумите дека се започнати преговори со ПСЖ за продолжување на договорот.

Според Нејмар „сениор“, многу понуди на адреса на Бразилецот има поради тоа што е одличен фудбалер, а не поради тоа што сака да го напушти Париз.


„Нејмар ја одработува втората година од својот договор, такашто има уште три до истекот. Веќе разговараме со ПСЖ за продолжување на соработката. Точно е дека пристигнуваат многу понуди за Нејмар, но тоа е поради тоа што одлично си ја одработува задачата“, истакна таткото и агентот на суперѕвездата на Пари Сен Жермен.