Таткото на Лозано потврди: Наполи е новиот клуб на Мексиканецот

Ирвинг „Чаки“ Лозано во следните неколку денови и официјално ќе го комплетира трансферот од ПСВ во Наполи. 

Неговиот татко веќе зборува како Чаки е веќе играч на калчолигашот и дека ова е момент кој ќе ја дефинира неговата кариера.

„Јас сум на 'седмо небо'“, изјави Хесус Лозано. „Најдоброто нешто за еден татко е да го види својот син како се искачува на врвот, како ги исполнува своите соништа, чекор по чекор. Наполи не претставува отскочна даска за него или некој клуб од средината, туку место каде треба да го достигне врвот на кариерата. Преговорите беа долги и траеја со месеци, но негова цел беше да го облече дресот на Наполи. Имаше интерес и од други клубови, но тој го сакаше Наполи. Знам дека Неапол е сличен на Јужна Америка. Пасијата е иста и многу поголема отколку во Холандија. Притисокот не го плаши. Ми призна дека е возбуден што ќе игра за тимот во кој порано настапувал Диего Марадона. Знаеме дека целта е освојување на 'скудетото', но тоа нема да биде лесно против еден тим каков што е Јувентус“, додава таткото на Лозано.

Мексиканецот ќе се пресели во Наполи за сума од 38 милиони евра плус бонуси, а ќе заработува четири милиони евра по сезона во следните пет години.